„Не можеме како успех да го толкуваме евентуалното решение, ако Бугарите барале посебно поглавје во кое ќе се преговараат проблемите со нашата земја. Тоа значи дека имаме еден процес овој проблем да се претвори во измачување на нашата јавност, бидејќи ова поглавје се отвора прво а се затвора последно. Ќе го изгуби легитиметот и поддршката кај граѓаните“, изјави за Топ тема претседателот на Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје, Марко Трошановски.
Трошановски смета дека Собранието треба да го одобри предлогот од Франција.
„Ова е исклучително важен документ кој што нашата земја треба да го прифати од нашето осамостојување до денес. Прифаќањето на документот треба да биде одобрено од Собранието. Таа одлука мора да ја донесе Собранието. Ако ние го прифатиме каде што Владата ќе обезбеди квалификувано мнозинство, и ако ние започнеме преговори, ќе треба да се промени Уставот. Но, тоа нема да успее бидејќи опозицијата е децидна против тоа, и наредните години ќе биде измачување целиот овој процес“, вели Трошановски.