Сметам дека со оглед на присутноста на оваа владеачка гарнитура во Бугарија, Русија не стои позади ветото на Софија во однос на Македонија. Петков и владината коалиција не се репрезенти на тоа влијание, вели Марко Трошановски, директор на институтот за демократија „Социетас цивилис“ во емисијата „Топ тема“.
Според него, бугарската влада во моментов е посветено да се изнајде некаков функционален компромис.
-За жал тамошната влада е нестабилна и партиите внатре имаат далеку нерасчистени врски со Русија од минатото, што видливи, што невидливи и мислам дека ветото за Македонија е комбинација од евроскептичните земји кои стојат позади Бугарија (таа не е сама во блокирањето на процесот) и процесот на консензуалност на одлуки кои ги овозможуваат овие игри. Решението за деблокирање на европскиот пат на Македонија е во Брисел, вели Трошановски.