Трошански: Државата има проблеми со политичка кохезија и суштинска посветеност на реформи

од Destan Jonuzi
243 прегледи

Европската Комисија е задоволна што Северна Македонија продолжува да ги исполнува критериумите за зачленување на ЕУ и што властите покажуваат јасна проевропска ориентација. Во однос на политичките критериуми, се наведува дека Северна Македонија ги продолжила своите напори за зајакнување на демократијата и владеењето на правото, како и со активирање на постојните механизми на проверка и контрола и преку опфаќање на клучните политички и законодавни прашања.

Во документот се наведува дека Владата треба да го задржи реформскиот импулс и да се фокусира на имплементација на постојната правна рамка, наместо да започне спорадични нови иницијативи. Исто така, се препорачува земјата да го зајакне капацитетот за парламентарен надзор над разузнавачките служби.

Марко Трошански, претседател на Институтот за демократија за „Локално“ вели дека државата има проблеми со политичка кохезија и суштинска посветеност на реформи.

Марко Трошански

Марко Трошански

Според него, главниот проблем тука е во демократизјацијата на полититичките партии, односно непостоењето на политичката демократија во нивнините Статути, што би овозможиле нај квалитетните луѓе да ги преставуваат и водат партиите, наместо кликите на партиски членови кои му одговараат на раковоството.

– И начинот на избор на пратениците во Собранието, кои пак става главен акцент на лидерите на политичките партии, тие одлучуваат на некои начин кој ќе биде во Собранието и на некој начин ги стават пратениците во потчинета позиција. Од тука и потребат на изборен модел со отворени листа каде што по перформанс и по квалитет ќе може некој да стане пратеник, а не поради тоа што е ставен на листа од страна на партиските лидери. На овој начин се овозможува да имаме пратеници со интегритет кои ќе ја вршат својата надзорна функција и да прават компромиси без да одговарат на директивите на партиското раководство, изјави Трошански за „Локално“, коментирајќи го нотираните забелешки за Македонија на Европската комисија за напредокот на патот кон ЕУ.

Од друга страна, додава тој, она што е денешна политичка реалност, покажуваа дека големата поделеност како резултат на ниската политичка култура е како резултат на недемократизирани партиски Статути и погрешениот изборен модел.

– Во Собранието каде што треба да се гради консензус и диалог, сушност има полиразација и нефунксионалност на таа институција, нагласува тој.

Трошански потенцира дека и партизацијата на јавната администрација и невработувањето по заслуги и професионалност, злоупотребата на балансери и Охридскиот договор за вработување на партиски послушници а не на квалитетни кадри ги намалуват, односно уништуват капацитетите на системот да одговоаара и на граѓаните и на европските институции.

– Недоследноста на процесот на порширување преку наметнување на критериуми кои немат врска со европските вредности и стандарди ги дезориентира демократските вредности на нашите граѓани. Тие повеќе заради ова стануват дефетисти или разочарани од европскиот процес и од демократијата како таква. Земјата исто така е цел на дезинформации или хибридни напади и закани кои пак имаат за цел да ја нагризат довербата на граѓаните во институциите и во ЕУ, и како таков тој процес го намалува демократскиот процес на нашата држава, нашите граѓани за да препознават лоши и добри демократски пракси и реформи или пак да критикуваат кога некој не постапува согласно со нив, потенцира Марко Трошански, претседател на Институтот за демократија во изјава за „Локално“.

Во извештајот на ЕК исто така се наведува дека работата на парламентот била нарушена поради политичка поделеност која го одложила усвојувањето на многу закони. Според истиот, потребно е добро планирање и консултации за да се ограничи носењето на законите по итна постапка, а пратеничките прашања треба да бидат почести.

– Потребни се одлучни напори за да се воспостави моментум за реформи и пристапување во процесот на преговори со ЕУ. Потребен е посебен фокус за да се обезбеди ефективно спроведување на постојното законодавство, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи“, се наведува во извештајот.

Д.Ј.

Слични содржини