Трошоците и цените повисоки на месечно ниво

од desk3
70 прегледи

 

Трошоците на живот во мај годинава во однос на претходниот месец се поголеми за 0,5 отсто, а цените на мало за 0,3 отсто. Во однос на мај 2016 година трошоците на живот бележат намалување од 0,7 отсто, а цените на мало намалување од еден отсто, објави Државниот завод за статистика.

zhito-market-860x640

Порастот на индексот на трошоците на животот од 0,5 отсто во мај 2016 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на компирот за 14,7 отсто, свежото и разладеното овошје за 9,1 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот, за 6,6 отсто, другите пекарски производи за 1,4 отсто, конзервираното овошје за 0,6 отсто, брашното и другите житарици и алкохолните пијалаци за 0,5 отсто, замрзнатото овошје, другите прехранбени производи за 0,3 отсто и безалкохолните пијалаци за 0,2 отсто.

Во мај пораст на трошоците на животот е забележан и кај болничките услуги за 14,6 отсто, мотоциклите за 6,9 отсто, течните горива за домаќинствата за 5,7 отсто, авионскиот превоз на патници за 2,2 отсто, течните горива и мазива за домаќинствата за 1,8 отсто, обувките за 1,7 отсто, теписите и другите покривки за под за 0,9 отсто, мебелот за домаќинствата за 0,6 отсто, информатичката опрема за 0,5 отсто, облеката, материјалите за одржување и поправките на станот за 0,3 отсто, услугите за одржување и поправки на станот и поправките на електричните апарати за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај услугите за сместување за 6,9 отсто, гасот за домаќинствата за 4,9 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 4,7 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 1,4 отсто, малите електрични апарати за 0,7 отсто, лековите за 0,6 отсто, големите електрични апарати за 0,5 отсто, велосипедите за 0,4 отсто, цврстите горива, алатите и опремата за куќи и градини за 0.3% и средствата за лична
хигиена и здравје за 0,2 отсто.

Намалување на индексот на трошоците на животот во мај 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај јајцата за 1,2 отсто, маслото и маснотиите за 0,5 отсто, сувото овошје и јаткастите производи и сушениот зеленчук за 0,4 отсто, изнутриците за 0,3 отсто, месото, јогуртот, сирењата и урдата за 0,2 отсто