Во третото тримесечје од 2022 година, во споредба со второто тримесечје од 2022 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1.7 %, трошоците за материјали за 2.2 %, трошоците за вработените за 0.6 %, соопшти Државниот завод за статистика ДЗС.
Во третото тримесечје од 2022 година, во споредба со третото тримесечје од 2021 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 16.2 %, трошоците за материјали за 14.9 % и трошоците за вработените за 19.0 %.
Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори, истакнуваат од ДЗС.