Трошоците за живот зголемени за 0,4%, оние пак на мало за 1%

Според пресметките, за месец декември, 2020 година, трошоците се зголемени за 0,4%, додека пак, цените на мало за 1%, споредбено со месец ноември.

Од државниот завод за статистика, податоците говорат дека трошоците за живот споредбено со 2019. година, во изминатата 2020. година се зголемени за 1,2%, додека цените на мало од 0,4%

Во месец декември 2020 година, вo споредба со декември 2019 година, има пораст на трошоците на животот од 2,3%, а кај цените на мало од 1,7% отсто.

Пораст на трошоците на живот во 2020 е забележан во групите: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5.3 отсто, Разновидни стоки и услуги за 2,6 отсто, Храна и безалкохолни пијалаци за 2,4 отсо, Ресторани и хотели за 2,2 отсро, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 2.0 отсто, Здравје и Рекреација и култура за 0,9 отсто, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,4 отсто и Образование за 0,3 отсто. Намалување, пак, има во групите: Транспорт за 6 отсо, Облека и обувки за 1,3 отсто и Комуникации за 0.1 отсто.

Податоците на ДЗС покажуваат дека кај цените на мало е регистриран пораст во групите: Индустриско прехранбени производи за 2,9 отсто, Земјоделски производи за 1,1 отсто, Пијалаци за 0,4 отсто и Услуги за 0,1 отсто, а намалување во групата Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 0,2 отсто.

Слични содржини