Трудничкиот стомак го покри со кристали: Ријана ја воодушеви публиката на Оскарите (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Пејачката Ријана ја воодушеви публиката со својот настап на Супер Боул, кога на светот му откри дека повторно е бремена.

Пејачката сега беше „во трка“ за најдобра оригинална песна со „Lift Me Up“ од „Black Panther: Wakanda Forever“ на 95-тото доделување на Оскарите.

Rihanna performs “Lift me up” from “Black Panther: Wakanda Forever” at the Oscars on Sunday, March 12, 2023, at the Dolby Theatre in Los Angeles. (AP Photo/Chris Pizzello)

Таа за оваа свечена пригода, настапот кој долго време го чекаа нејзините фанови, избра специфична креација, па трудничкиот стомак го покри со кристали.

Таа со многу емоции ја отпеа песната „Lift me up“ со која беше „во игра“ за најдобра авторска песна.

Rihanna performs “Lift me up” from “Black Panther: Wakanda Forever” at the Oscars on Sunday, March 12, 2023, at the Dolby Theatre in Los Angeles. (AP Photo/Chris Pizzello)

Таа, сепак, загуби од RRR „Naatu Naatu“, но секако беше пречекана со овации од познатите личности од нејзината индустрија, како и собраните актери во театарот Долби.

Инаку, ова е првиот сингл што таа го објави по шест години пауза.

Слични содржини