Трудница остана без матка и бубрег: Бара да му се одземе лиценцата на докторот што ја породил

од Nikola Popovski
403 прегледи

Јилдиз Веапоска од Дебар, медицинска сестра од итната помош, преживува вистинска голгота откако се породила во болницата во Струга со царски рез, но од операциската сала излегла без матка, бубрег и без еден јајник.

Иако постојано се жалела дека не се чувствува добро, директорот на струшката болница, докторот Мухамед Асани 3 дена по породувањето ѝ донел отпусно писмо и и рекол дека е подготвена за дома. Само што го повикала сопругот, ситуацијата и се влошила.

Семејството Веаповски се сомнева дека целиот процес на породување наместо докторот Мухамед Асани го вршел неговиот син кој му бил асистент и се сомневаат дека тука некаде настанала грешката. Ангажирале адвокат кој сега подготвува кривична пријава за директорот, а исто така бараат Лекарската комора на Македонија да му се одземе и лиценцата на директорот.

Министерството за здравство информираше дека случајот го разгледува стручна комисија.

Слични содржини