Бремените жени во Велика Британија треба да бидат вакцинирани со вакцината на „Фајзер“ или „Модерна“ затоа што има пореални податоци за нивната безбедност, објави Британската заедничка комисија за вакцинација и имунизација, која издава препораки за вакцинација.
Комисијата навела дека околу 90.000 бремени жени во САД биле вакцинирани, претежно со овие две вакцини, и дека нема сериозни несакани ефекти.
„Врз основа на овие податоци, Комисијата советува на бремените жени во Велика Британија да им се даваат вакцините на Fizer-Biontech или Modern секогаш кога е можно. Нема докази дека другите вакцини се небезбедни за бремени жени, но потребно е дополнително тестирање“, изјавија официјални лица, пренесе „Ројтерс“.
На бремените жени во Велика Британија претходно им беше препорачано да не примаат вакцина поради недоволно информации за нејзиното дејство.