249
Најмалку 26 лица починаа, а повеќе од 30 се пренесени во болница откако испиле домашен алкохол во западна Индија, соопштија официјални лица.
Според владиниот претставник Мукеш Пармер, смртните случаи се случиле во областите Ахмедабад и Ботад во државата Гуџарат, каде што е забрането производството, продажбата и консумирањето алкохол.
Не е познато каква хемикалија била употребена во пијалокот, пренесува АП.
Полицијата уапсила неколку осомничени шверцери, кои учествувале во производството на алкохолниот пијалок во кој била додадена хемикалија, објави новинската агенција Press Trust of India.
Локалниот функционер Раџ Кумар изјави за „Ројтерс“ дека е започната истрага за инцидентот.