Постојано слушаме како витамините се добра работа, но во колкава количина? Се разбира, зависи од личност до личност. Ако претерате, тоа може да биде опасно за вашето здравје.
Додека некои добиваат доволно хранливи материи од разновидна исхрана, има и такви на кои им недостасуваат витамини и мора да користат додатоци.
Но, експертите предупредуваат дека има негативни последици доколку земаме витамини без план и програма.
Ако мислите дека можеби ќе треба да надоместите со витамини, задолжително прво консултирајте се со вашиот лекар.
Што треба да знаете пред да земете витамини?
Д-р Бајо Кари-Винчел истакнува дека најважно е прво да разговарате со докторот за се.
„Мит е дека витамините не можат да наштетат. Секако дека можат ако се земаат во прекумерни количини, во комбинација со некои лекови или со некои хронични здравствени состојби. Затоа, бидете внимателни“, нагласува докторот.
Зошто земањето премногу витамини може да биде опасно?
Нашето тело добива витамини А, Ц, Д, Е и К од нашата секојдневна исхрана. Покрај тоа, нашето тело самото произведува витамини Д и К. Затоа, дополнителните дози може да предизвикаат здравствени компликации кај некои луѓе.
Можно е предозирање
Верувале или не, човек може да се предозира со витамини. Кога станува збор за витаминот Д, веб-страницата на клиниката Мајо забележува: „Труењето со витамин Д, познато и како хипервитаминоза Д, е ретко, но тоа е сериозна состојба која произлегува од прекумерна концентрација на овој витамин во телото“.
Причината најчесто се додатоците во исхраната, а не самата исхрана или изложувањето на сонце. Ова се случува затоа што човечкото тело го регулира количеството на витамин Д што го добива од изложување на сонце или од храна.
Главната последица на труењето со витамин Д е акумулација на калциум во крвта, односно хиперкалцемија, која може да предизвика гадење и повраќање, слабост и често мокрење. Сето ова може да предизвика болки во коските и проблеми со бубрезите.
Исто така, треба да се има предвид дека декларацијата на препаратот може да содржи неточни информации или пренагласен ефект.
Витамин А
Премногу витамин А е поврзан со гадење, промени во видната острина, главоболки и проблеми со координацијата. Големи количини на витамин А за време на бременоста може да предизвикаат и физички дефекти кај фетусот или може да имаат контраиндикации доколку се земаат со одредени лекови.
Витамин Ц
Витаминот Ц е достапен во многу секојдневни намирници. Иако витаминот Ц се излачува од телото, прекумерните количини може да предизвикаат главоболки, повраќање и грчеви во стомакот, пишува Eat This, Not That.