Цановски побара од Јанакиевски да ја признае вината, тој одговори „И мене не ми е лесно“

383 прегледи

Непосредно пред стартот на денешното закажано рочиште за случајот „ТНТ“, Сефер Цановски кој впрочем ја бара правдата за себе и својот објект „Космос“ во овој случај, побара од обвинетиот Миле Јанакиевски да ја признае конечно вината за рушењето на комплексот и да и стави крај на целата ситуација во овој случај.

„Миле признај бе, три години глумите лудило на суд, му рече Сефер Цаноски на Јанакиески додавајќи дека 10 години веќе се расправаат со банките од кои зеле кредити за објектот.

„Миле се разболевме бе а вие глумите лудило. Вие го срушивте објектот, го снема, кој го сруши, ние самите не“, му рече Цаноски.

Јанакиевски инаку, подоцна одговори дека и нему не му е лесно во овој случај.

„Не сум јас виновен, на ништо нема мој потпис, кој е виновен нека одговара“, се правдаше Јанакиески.

На почетокот инаку, на денешното рочише еден од обвинетите побара одложување на рочиштето бидејќи му дошол од Виена клиент, на што сдијата одговори „седи и молчи“.

Инаку на денешното судење сведочеше оштетениот Сефер Цаноски за штетата која им била нанесена со рушењето, дека 400 луѓе останале без работа а многу граѓани кои имале уплатено за станови во Космос останале без нив.

Слични содржини