Владата ја прифати денеска предлог-одлуката за воспоставување на систем што ќе го контролира Царинската управа, а ќе се спроведува преку јавно-приватно партнерство.
Подзаконските акти треба да бидат готови за 60 дена.Со овој систем освен акцизната стока ќе се следи и увозот на лекови каде што контролата ќе ја врши Министерството за здравство.
– По нашите претпоставки повеќе од 30 отсто е даночната евазија. Кога зборуваме за даноците, зборуваме и за акцизите во државата. ММФ лани или некаде на почетокот на оваа година излезе со став дека 37 отсто е даночната евазија, односо од Буџетот од 4 милијарди евра, 30 отсто е милијарда и 200, 37 отсто е 1,4 милијарда евра, така што огромни средства се даночните евазии – изјави премиерот Зоран Заев.
Такви акцизни стоки се цигарите, односно тутунот, алкохолот, автомобилите, цигарите, мно со овој систем ќе бидат опфатени и лековите иако не се акцизни сстоки.
– За тракен трејсинг и за лековите контрола ќе има Министерството за здравство за да може секојпат да знае рокот на самите лекови, значи од кога е влезен, кога е рокот, до кога имаат рок на трајност, количините и залихите коишто ги имаат на располагање заради рационализација на лековите. Како држава трошиме огромни пари на лекови, а притоа се случува да се продаваат лекови коишто се на самиот истек на рокот на важење. На овој начин се поставува подобар менаџер на системот – вели Заев.