Царинска војна: Приштина за 100 отсто зголеми такси за увезени стоки од Србија

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Косовската влада денеска за 100 отсто зголеми такси на стоки од Србија и од БиХ со образложение дека тоа е одговор за „агресивната кампања“ на Србија против Косово на што официјален белград веднаш закажа состаноци со амабсадорите од водечките држави од светот и ЕУ.

Потегот се случува еден ден по неуспешниот обид на Косово за зачленување во Интерпол. На предлог на косовскиот министер за трговија Ендрит Шаља, Владата на Рамуш Харадинај одлучи да ги зголеми за 100 отсто таксите, кои пред две недели беа зголемени за 10 проценти.

Одлуката стапува во сила веднаш и владата побара надлежните институции веднаш да почнат да ја спроведуваат.

Потпретседателот на српската влада и министер за трговија Расим Љајиќ изјави дека одлуката на Приштина сначи спречување и запирање на трговијата меѓу Косово и Србија и дека тоа е „пар екселанс“ политичка одлука што ќе има огромни негативни последици

Слични содржини