Вчера новозаразени се 0.01 проценти, што покажува дека е помал бројот на новозаразени вчера во споредба со понеделникот, рече денеска министерката за образование Мила Царовска.
Таа рече дека 24 ученици биле новозаразени вчера, но не посочи во кои општини односно градови.
-Епидемиолозите следат, тие дејствуваат врз основа на општина, регион. Досега нема индикација дека треба моделот да се менува. Кога ќе добиеме индикација, подготвени сме да постапиме. 240 илјади ученици се на училишта, а вчера процентот е 0.01, што е навистина низок број. Највисок интерес на учениците да бидат во училница, рече Царовска.
Таа уште еднаш напомена дека во најголем интерес е да се заштити интересот на учениците, нивното ментално здравје, нивото образование.
-Повикувам да им обезбедиме право на учење, кое основно детско право, рече Царовска.