378
„Создаваме општество кое ја негува културата и богатсвото на различностите. Градиме образование без стереотипи, предрасуди и дискриминација, затоа што еднаквоста се учи од најмала возраст, сподели министерката за образование, Мила Царовска која беше дел од денешната „Парада на гордоста“, која се одржа на улиците на Скопје.
„Верувам дека сите ние заеднички ќе овозможиме секој граѓанин да ги ужива своите права. Затоа што само за такво општество вреди да се бориме“, додава Царовска во својата порака.