Царовска: Ги повикувам родителите да ги поттикнуваат учениците да ги користат дигиталните материјали за учење

од Берта Китинска
255 прегледи

Ги повикувам родителите да ги поттикнуваат учениците да ги користат дигиталните материјали за учење, затоа што тие се нова алтка за да нашите деца бидат подобро спремни за предизвиците во иднината и за да може да се справат полесно со сите дигитални препреки, кажа министерката за образование и наука Мила Царовска во емисијата „360“ на Алсат.

-За првпат, оваа година, на први септември ги училиштата ги добија сите побарани учебници, меѓу кои и за прво сосема нови учебници, и за четврто сосема нови дигитални учебници. МОН до пред стартот на учебната година дистибураше и 3.300 таблети, согласно барањата на општините. Дополнително обезбедивме печатени учебници, за учениците коишто во своите домови немаат електрична енергија. Испечатени се 20 проценти од вкупниот број на потребни учебници, за учениците да може да ги добијат, но и училишните библиотеки да ги имаат кај себе.Апликациите беа навреме доставени до училиштата кои имаа обврска да им ги испратат на родителите и старателите, за да може секој кој има ИТ уред во домот, таблет, смартфон , компјутер, да ги симне потребните дигитални материјали.Ова се аргументите на Министерството за образование и наука на укажувањата на Народниот правобранител дека учениците навреме не ги добиле сите потребни учебници за прво и за четврто одделение, објасни Царовска.

Слични содржини