Царовска: Годинава за првпат учебниците беа навремено дистрибуирани до училиштата

од Берта Китинска
216 прегледи

Министерката за боразование и наука, Мила Царовска, во вечерашното гостување во „360 степени“  укажа дека годинава за првпат учебниците биле навремено дистрибуирани до училиштата во оној број во кој тие биле побарани.

„ Годинава се беше на време и учебниците и од откуп и од печатење беа пуштени во училиштата на 1 септември, односно бројот на побарани учебници од страна на училиштата…Можеби станува збор за предмети поединечни каде што нема учебник и тие нема да го добијат затоа што има во седмо-осмо одделение каде се повлечени учебници и тоа е систем кој со години си работел позадински неквалитетно и не биле доставувани навреме учебниците ниту со соодветниот број, а ние имаме увид во МОН дека се печатело со години во полн потенцијал или со вкупниот потребен тираж на учебници, а сега училиштата во даден момент алармираат дека немаат доволен број на учебници. На пример, учебниците за трето одделение не се печатат секоја година и тоа е во законското решение, се печати број на потребни учебници побарани од училиштата кон МОН“, рече Царовска.

Воедно таа кажа учебникот по македонски јазик за четврто одделение за кој имаше забелешки дека несоодветно го третира семејството,авторката на учебникот и рецензентите ќе ги разгледаат забелешките.

„Добив информација дека авторката и рецензентите заендички ќе ги преразгледаат забелешките согласно реакциите на јавноста, иако тие во прв наврат посочуваат дека тоа се реални ситуации од животот кај некои семејства и дека децата треба да имаат увид и во такви ситуации. Рецензентите, Бирото за развој на образованието и авторката заеднички ќе утврдат што од тој текст ќе остане или нема да остане“,рече Царовска.

Слични содржини