Царовска и Лукаревска на прв заеднички состанок со Организацијата на работодавачи, текстилниот кластер и Гласен текстилец

од Берта Китинска
383 прегледи

Заменичката на Претседатлот на Владата за економски прашања Мила Царовска и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска се сретнаа со преставници од Организацијата за работодавачи, Кластерот за текстил и граѓанската организација „Гласен текстилец“, којашто работи во заштита на работничките права.

Присутните го искажаа задоволството од иницираната прва средба и најавија дека во иднина редовно ќе се состануваат, со цел преку социјален дијалог да го унапредат производството и продуктивноста, но и да обезбедат подобри услови за работниците.

На состанокот беше истакнато дека ќе се разгледуваат можности за поширока искористеност на поддршката за технолошки развој, како и за обезбедување на квалификувана работна сила.

Сите присутни се согласија дека само преку континуиран и квалитетен социјален дијалог може да постигнат висока продуктивност и конкурентност на компаниите со што ќе се овозможи понатамошно подобрување на работните услови и економски раст и развој.

Слични содржини