Сексуално образование како пилот-фаза се случува во четири училишта, вели на прашање како овој случај ќе влијае на процесот на сексуално образование и дали можеби ќе се појави недоверба кај родителите, министерката посочи дека од него се оградија и ХЕРА и Фондација „Отворено општество“, и Градот Скопје, што, како што рече, укажува на тоа дека никако тоа не е поврзано со сексуално образование.
-Таму искуствата на Бирото за развој на образование со 14-те наставника кои што го спроведуваат засега е одлично, дава позитивен фидбек од страна на учениците, родителите и наставниците и очекуваме кога ќе заврши целата таа пилот-фаза, во тек е истражувањето за тоа какви се постигнувањата, ќе бидат јавно достапни постигнувањата и понатаму ќе се одлучува што со тој предмет, изјави Царовска.