Цаpовска: Лажните вести за сексуалното образование се од луѓето кои тврдеа дека ќе се укинува предметот историја

од Nikola Popovski
275 прегледи

„Многу е интересно што дебатите ги водат луѓе коишто во континуитет во нашата држава шират лажни вести. Токму затоа ги поттикнувам граѓаните да ги следат официјалните канали на Владата и на Министерството, и да донесуваат одлуки. Ако се сеќавате истите тие кажуваа дека во Источниот регион ќе се населат 120 илјади мигранти, се сеќавате како пропадна таа лажна вест, па после тоа имаше нешто со 5Г врапчињата итн., па следната лажна вест беше дека се укинува историја, па следната лажна вест беше дека се укинува македонски јазик“, изјави денес министерката за образование, Мила Царовска, демантирајќи ја веста што кружеше по социјалните мрежи, дека од второ одделение ќе се воведувало сеопфатно сексуално образование (ССО).

Таа уште вчера објави дека прикажаните текстови и илустрации кои се прилепуваат на делови од Концепцијата не се извадени од наставни материјали предвидени за нашата земја.

„Барам одговорност за лажните вести кои се тенденциозни, со намера да шират паника и да ја манипулураат јавноста, а за постигање на цели кои немаат никаква допирна точка со унапредување на образованието“, истакна министерката.

Од Министерството за образование и наука исто така реагираа на написите од групата „Од нас за нас“ која на социјалните мрежи споделуваа илустрации од учебници од други држави и материјали кои не се дел од овој образовен систем.

„Категорично ги демантираме невистините проширени од фејсбук-групата „Од нас за нас“ на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното образование. Веста е целосно лажна, а користените илустрации воопшто не се дел од учебници и материјали од нашиот образовен систем“, стоеше во реакцијата на МОН.

 

Слични содржини