Новиот концепт доаѓа по пријава на наставни програми од страна на експерти.Концептот на учење ќе биде со интеграција на теми. Историјата како научна дисциплина ќе си пости и не се укинува. Таа останува таква како до сега што се изучуваше, вели министерката за образование Мила Царовска во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
Царовска најави дека во подготовка е нов закон за учебници.
„Нов закон за учебници е во подготовка, и во основа на тој закон ќе се донесе методологија за потврдување или одбивање на одреден наставен материјал или учебник. И тука таа методологија е подготвена транспарентно со помош на ОБСЕ, таа е веќе во завршна фаза.“, истакна министерката.
Царовска додаде дека методологијата на создавањето на учебници ќе биде сеопфатна, за да се намали нешто што е спротивно од граѓанските вредности да го има во учебниците.