Царовска: МОН ги почитува сите инструкции што се даваат од здравствените власти.

од Берта Китинска
177 прегледи

Министерката за образование Мила Царовска посочи дека МОН ги почитува сите инструкции што се даваат од здравствените власти.

-Ако има различни инструкции за општото дејствување во одредена општина или во одреден регион и МОН ќе се прилагоди на тоа. Во моментов немаме различни инструкции во ниту еден град, во ниту една општина или регион и токму затоа продолжуваме со инструкцијата дека на национално ниво спроведуваме образовна политика со ист интензитет и иста пркаска. Доколку тоа се промени, секако и МОН ќе се прилагоди, кажа Царовска.

Во однос на тоа кој ќе одлучува дали децата ќе следат или нема да следат настава, Царовска рече дека за тоа нема да одлучува ресорното министерство или Владата, туку самите училишта.

-Јасно е во програмата прикажно и во одлуката на Владата дека од немедицински причини за кои училиштето ќе има доволно аргументација да одлучи за тоа. Нема да одлучува Министерството за образование и наука, Владата, сепак станува збор за индивидуални случаи, за ретки случаи кои во училиштата ќе треба да приложат аргументација како родители или како старатели, во зависност кој ќе дојде да разговара во училиштетото. И самото училиште, заедно со наставничкиот колектив и директорот ќе одлучува за секое поединечно барање што ќе пристигне во училиштето, појасни Царовска.

Слични содржини