Царовска на средба со ректорите: Заеднички ќе создаваме квалитетно високо образование

од Берта Китинска
201 прегледи

Капиталните инвестиции во високоообразовните институции, развојот на науката и научниот кадар беа тема на разговор денеска на првиот состанок на министерката за образование и наука Мила Царовска со ректорите од универзитетите во државата.


Царовска истакна дека МОН ќе ја продолжи и интензивира соработка со универзитетите, но и дека ќе ја почитува автономијата и експертско мислење на академската заедница во носењето на сите важни политики и реформи.

Беше заклучено и дека е неопходна целосна анализа којашто ќе помогне во креирањето политики за подобрување и унапредување на функционирањето на универзитетите и научната дејност во државата.

Слични содржини