Царовска: Најостро демантирам за укинување на катедрата македонски јазик, ова е лага!а е

Преку свој статус на социјалната мрежа Твитер, министерката за образование и наука, Мила Царовска најостро ги демантираше инфомрациите од професорката Јасна Котеска, која во јавноста пласираше информација дека министерката има во план да ја укине катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет.

Како што претходно беше објавено, професорката објави дека со новата стратегија за образование на Филолошкиот Факултет при УКИМ треба да се воведат две научни гранки, а наспроти тоа да се укине македонскиот јазик.

– Најостро ги демантирам тврдењата на Јасна Котевска, повикувам да запре ширењето на дезинформации, стои во статусот на министерката.

Таа додава дека ниту се планирало, ниту ќе се укинува групата македонски јазик на Филолошкиот факултет.

– Ова е чиста лага, граѓаните да не подлегнуваат на овие шпекулации, порача Царовска.

Слични содржини