Царовска: Нашиот концепт којшто го воведовме заедно со Комисијата за заразни болести беше хибриден

Во рамки на своето гостување во вестите на Тв Сител, Министерката за образование и наука, Мила Царовска уште еднаш потврди дека второто полугодие продолжува по ист терк и појасни дека е важно да се задржи континуитетот во наставата.

„Не се враќаат во училница само од прво до трето, туку сите оние кои што имаа одобрение за работа, а тоа се речиси половина од училиштата во нашата држава. Нашиот концепт којшто го воведовме заедно со Комисијата за заразни болести беше хибриден, а тоа значеше дека некој ќе одат во училиште, некои ќе имаат можност практичната настава да ја одвиваат во училиште додека теоретската онлајн.Тој модел покажа и континуитет на образованието и заштита на јавното здравје, токму затоа кога се уште се проценува каква е состојбата здрав. и се уште немаме зелено светло од здравствените служби да се вратиме во училници сметаме дека истиот начин треба да се задржи.“- посочи министерката за образование, Мила Царовска, во интервјуто во вестите на телевизија Сител, објаснувајќи зошто и второто полугодие ќе продолжи со настава преку интернет.

Дополни дека, за разлика од сите земји во регионот, ние во континуитет имавме настава која што течеше за сите ученици на различни начини прилагодена на можностите кои ги имаме во државата.

„Не само мојот став туку и ставот на премиерот е дека треба да имаме континуитет на наставата за разлика од другите држави каде што најлесно е да ги вратите во клупа ако за две недели треба да ги вратите дома тогаш веќе правите дестабилизација на системот. Исто така имаше држави каде цели региони наеднаш ги затвораа заради тоа што ги отворија училиштата. Ние сметавме дека стабилноста и континуитетот се најважни во ваква критична ситуација. Ние проценуваме дека до крајот на февруари почетокот на март одиме на овој начин, понатаму ако Комисијата за заразни болести заземе друг став ќе разговараме. Сметаме дека треба да одиме што побезбедно, што постабилно зошто, за да немаме отстапување во континуитетот на образованието и исто така да го заштитиме јавното здравје.“- изјави Царовска.

 

Слични содржини