131
Наместо страв од отказно решение преку новиот Закон за наставници обезбедуваме трајно вработување, мотивација и сигурност, изјави Министерката за образование Мила Царовска во гостување на Телма ТВ.
-Со новиот закон се носи одлука вработувањето на наставниците да биде на неопределено време. Тие треба да ги образуваат младите, а не да се плашат за работното место. Наставниците отсега нема да се плашат од политички притисоци туку ќе се насочат кон квалитетно предавање и постигнување високи резултати на меѓународните натпревари.Порано беше луѓето да мора да одработат во партиските штабови за да им се продолжи договорот и никогаш работното место да не им е безбедно, вели Царовска.