Царовска: Наставниците со реформата ќе бидат без грижа за сигурноста на своето работно место

од Берта Китинска
204 прегледи

Наставниците и стручните соработници во училиштата конечно го добиваат третманот кој го заслужуваат, пишува на својот Фејсбук профил министерката за образование Мила Царовска.

-Обезбедуваме правна и економска сигурност за нив преку вработување на неопределно, обезбедување на кариерен развој и повисоки плати. Со реформата тие конечно ќе може да се посветат целосно на учениците без грижа за сигурноста на своето работно место и растеретени од премногу административна работа, пишува Царовска.

Слични содржини