236
Не сум известена дека има локална трансмисија на вирусот во училиштата.Има изолација на поголем број ученици, кажа денеска ,инистерката за образование Мила Царовска.
Царовска вели дека обврска на сите е да се почитуваат протоколите , и дека во моментов имаме 0.02 активни случаи на ковид 19 во училиштата
„МОН не издава решенија за изолација. Јас не можам да комуницирам со бројка на изолација. 2 проценти од учениците од основно се со онлајн учење, а 7 проценти во средно образование. Вкупен број ученици е 240 илјади ученици“, додаде Царовска потенцирајќи дека во средното образование процентот е поголем бидејќи онлајн учеа учениците од Тетово и Гостивар поради владината одлука.