Царовска новогодишната ноќ ќе ја мине со децата од социјалните центри во Скопје

од desk2
82 прегледи

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, новогодишната ноќ ќе ја помине со децата од социјалните центри од Скопје.

Како што информираат од кабинетот на министерката, таа најпрво ќе го посети домот за деца без родители „11 Октомври“, каде од 20:30 до 21:30 часот ќе подели симболични подароци и ќе ја проследи новогодишната претстава подготвена од децата.

Од 22:00 до 23:00 часот, министерката ќе ја посети установата за згрижување на деца „Дом 25 Мај“, а од 23:30 до 00:30 ќе биде во заводот за згрижување, воспитување и образование на деца „Ранка Миловановиќ“, каде ќе се организира лотарија со мали изненадувања за децата.