Царовска: ОЈО истражува дали се барало мито при посвојување деца

од desk2
87 прегледи

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска потврди дека Основното јавно обвинителство по допрен глас истражува дали во процесот на посвојување деца одредени лица од Министерството барале пари. Но, таа не сакаше да даде дополнителни коментари.


– Јас не би коментирала истрага што ја води ОЈО. Сите информации што се побарани од нас и со кои располагаме ги даваме затоа што намерата ни е да имаме правна држава во која сите се чувствуваме безбедно и сигурно. Ако ова е така и се докаже, очекувам сите што биле вклучени во еден таков процес да одговараат, рече Царовска.

Во врска со тоа дали има истрага за тоа каде завршуваат децата на штитеничките од домовите за згрижување кои се пораѓаат на Клиниката за гинекологија, за што интерес покажа и Народниот правобранител, Царовска сако кусо рече дека за секоја истрага што ќе ја отвори ОЈО со основано сомнение ние МТСП ќе ги даде сите податоци на располагање.

Во извештајот на Народниот правобранител, рече министерката, се наведува оваа тема, но како што рече, не се наведуваат докази.

– ОЈО по допрен глас може да отвори истрага и понатаму да соработуваме по однос на таа истрага. МТСП не е истражен орган и очекуваме надлежните институции да си ја завршат својата работа. Секое сомнение или јавно искажан збор дека некаде постои трговија со луѓе, деца … треба да се истражува. Институциите треба да го докажат тоа. Ние како Министерство стоиме и сме отворени и соработуваме со МВР, со Обвинителството и сите други надлежни служби, рече Царовска одговарајќи на новинарски прашања по Инфо сесијата на МТСП и Фондот за иновации и технолошки развој за „#ОброкЗаСите“.

Слични содржини