Царовска: Платата на наставник со 10 години стаж во изминатите 4 години е зголемена за околу 4.000 денари

од Vladimir Zorba
417 прегледи

Платата на наставник со 10 години стаж во изминатите 4 години е зголемена за околу 4.000 денари, додека во време на ВМРО-ДПМНЕ само за 800 денари, што значи дека имаме зголемување од четири и пол пати.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи во интерес на наставниците и обезбедување на нивна правна сигурност и подобрување на нивниот статус. Во таа насока се и законските измени со кои се гарантира континуиран раст на платата на наставниците, кој за жал пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го блокираа во Собрание нивното донесување. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во гостување на ТВ Клан, одговарајќи на прашањето за бојкотот што го најавува Наставничкиот пленум.

„Ги повикувам наставниците, револтот и незадоволството да го насочат кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои многу посветено се бореа во Собранието да не се донесе законот за наставници со кој се гарантира раст на платата на наставниците во согласност со растот на минималната плата во државата. Би требало тие да им објаснат зошто се противеа на ова законско решение “, рече Царовска.

Министерката, исто така, посочи дека како и минатата година и оваа блок дотациите кон општините се зголемени за 2%. Во ова зголемување освен средства за набавка на потребните материјали и средства за хигиена и дезинфекција се предвидени средства за исплата на прекувремените часови работа на наставниците, доколку поради состојбата со пандемијата се појави таква потреба.

Слични содржини