189
Како граѓанка и министерка, изјавувам дека неопходен ни е попис. Сите политики кои што се креираат се според бројки и докази. Многу е тешко што се водиме по проценки на Светска банка и попис кој е 20 години стар, изјави министерката за образование, Мила Царовска во емисијата „Жешко политичко лето“.
Според, пописот ни е итно потребен, за да можеме се што креираме да биде издржано и точно да сезнае во кој регион ќе се инвестира, колку училишта треба да се реконструираат и за колку деца.
-Еве сега нарачував посебнна анализа од УНИЦЕФ за да можам да добијам микро-податок за секое училиште, каде треба да се изгради ново, каде треба 4 училници или доградба, а каде само реконструкција. Важно е да знаеме каде ни живеат луѓето, потенцира Царовска.