192
Разговорот со наставниците е најдобриот начин да се информирам како тече имплементацијата на образовната реформа, но и наставата со физичко присуство во услови на пандемија, вели министерката за образование и наука Мила Царовска при посетата на Кочани.
-Наставниците од ОУ ,,Никола Карев’’, во Кочани, веќе се прилагодија на новите наставни програми и материјали за учење и велат дека задоволството е обострано и за нив и за учениците.Продолжуваме да го јакнеме и унапредуваме наставниот кадар, а со тоа и да создаваме поквалитетно образование, вели Царовска.