Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска на трибината под слоганот „На прав пат“ во Штип зборуваше за мерките  на кои досега посветено работеше Владата предводена од СДСМ  заедно со Министерството за труд и социјала , со цел да се обезбеди фер и праведно општетство, подобро место за живеење на сите граѓани.

„Штип е центар на текстилната индустрија и затоа особено сум горда што токму тука голем број на шивачки конфекционерки и работнички во текстилниот сектор повеќе не земаат мининимална плата пониска од законскиот минимум, туку денес таа е иста како и во сите сектори и изнесува 12.507 денари. Благодарение на ова решение, 50.000 работници од трудово интензивните индустрии добиваат плати повисоки за околу 4.000 денари месечно“, рече Царовска, која посочи дека воведувањето на социјалната реформа  обезбеди 300 илјади семејства кои живееја на работ на егзистенција, денес да имаат пристоен живот.

„20 илјади деца денес добиваат детски додаток, а 8 илјади образовен. Работиме посветено на извлекување на децата од детската сиромаштија ,затоа што со тоа директно влијаеме тие во иднина да основаат стабилни семејства со пристоен живот“.

 

Слични содржини