Царовска: Работиме посветено за секое дете

од Nikola Popovski
286 прегледи

Со вкупна инвестиција од 9,5 милиони денари од МОН, ги подобруваме условите за настава на 260 ученици во ООУ ,,Дитурија” во Липково. Денеска со градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи и пратеникот, Арбер Адеми, го посетивме училиштето, каде е во тек санација на фасадата и реновирање на училниците и тоалетите, информира министерката за образование и наука, Мила Царовска.

„Со овој проект за санација, на училишната зграда, треба да се овозможат и создадат услови за нормално одвивање на наставниот процес, како и да се вградат материјали според сите важечки стандарди и нормативи и исполнување на услови за енергетска ефикасност, како што доликува на современите училишни објекти”, рече Царовска.

Министерката потенцира дека продолжуваат да вложуваат во подобрување на условите во училиштата, во нови наставни програми и во обука и поддршка на наставниот кадар, со што се обезбедува еднаков пристап до квалитетно образование за секое дете.

„Овој и уште многу други проекти на централната власт се доказ повеќе, дека работиме посветено за секоја една општина во нашата земја, за секое дете за секој граѓанин. Тоа се гледа и во нашата заложба како Министерство во зголемените на над 1 милијарда денари за капитални инвестиции, во делот на образованието, средства кои ги насочуваме и градиме по план во интерес на секое дете во општините кадешто е најмногу потребно. Посакувам успешна и навремена реализација на реконструкцијата и санацијата и убедена сум дека од резултатот ќе бидат задоволни сите”, рече Царовска.

Слични содржини