221
Министерката за образование Мила Царовска смета дека референдум против образовните промени е демократско право, но реформи во образованието мора да има.
-Сведоци сме дека имавме многу средби нивните барањата не се поврзани со дигитализацијата, туку со родовата рамноправност, подеднакво учество на мажите и жените нешто за што државата Уставно се обврзала дека ќе го почитува, вели таа.
Царовска вели дека референдумот е демократско право и си има постапка.
-Ние неколку пати кажавме дека дијалогот е отворен за реформите припремите за прво и четврто одделени се во континуитет. Реформите мора да се случуваат, промени во образованието мора да има. Ако тапкаме во место уште пет, седум години го губиме и можниот сегашен потенцијал, вели Царовска.