Реформираното стручно образование ќе обезбеди квалитетни кадри потребни на пазарот на трудот. Средното стручно образование треба да се прилагоди на најновите трендови во производството и токму во оваа насока работиме, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на дебатата „Премостување на јазот кај вештините за создавање нови работни места“, организрана од УНДП и Британската амбасада.
Министерката истакна дека во изминатите 30 години воопшто не било вложувано во средното стручно образование, односно реформите кои се правеле биле во насока да се поттикнува запишување во гимназиите.
Додаде дека од огромна корист во моментот е спроведувањето на дуалното образование кое се реализира со поддршка од стопанските комори во седум градови во државата. Преку овој вид образование 220 ученици повеќе време поминуваат на пракса во компаниите, а помалку во училиште.