322
Средношколците по протестот остварија средба со новата министерка за образование Мила Царовска, која им ветила дека утре на владина седница ќе бидат прифатени делл од нивните барања.
–Врвен приоритет е започнувањето на училишната година на први октомври, за што како Влада нудиме комбиниран модел за настава. Во училиштата каде се исполнети условите од протоколите, наставата може да почне со физичко присуство, а таму каде нема услови, часовите ќе се следат онлајн. За овој, но и за другите предизвици во образованието, денес разговарав на два состанока, едниот со средношколците, а другиот со родителите. Учениците, наставниците и родителите ќе бидат наши постојани и рамноправни партнери во сите реформски процеси.– изјави Царовска.