195
Образованието се случува во училница под водство на наставникот, а не дома преку учење со родителите, изјави министерката за образование Мила Царовска во вчерашното гостување на ТВ 24.
-Нашиот концепт нуди подолг престој во училиште со сите воннаставни и изборни содржини меѓу кои и учење на дигитални алатки. Преку новата наставна содржина, домашните задачи ќе траат најмногу 20 минути и ќе се однесуваат на дискусија со родителите, опкружувањето или потреба да се направи одредено истражување. На овој начин учениците градат поголема самодоверба и развиваат способности за истражување и брзо пронаоѓање на потребните податоци, вели министерката.