Царовска: Со “Учи паметно работи стручно” ја враќаме довербата и соработката помеѓу компаниите и стручните училишта

од Берта Китинска
198 прегледи

Министерката за образование и наука Мила Царовска на гостување на утринската програма на Сител рече дека со кампањата “Учи паметно работи стручно”, после многу години се обновува врската, се враќа соработката и довербата помеѓу средните стручни училишта и компаниите.

“До минатата година имавме само 11 дуални паралелки, сега отвораме 97 дуални паралелки. Компаниите кои се вклучија во овој процес ќе преземат дел од обврската за одржување на практичната настава. Тоа може да се види и во самиот повик, каде стои точно во која паралелка, која компанија ќе овозможи пракса за учениците. Така што тие се потенцијални вработувачи понатаму. Затоа што кога сте во компанијата не само што се стекнувате со вештини за работа, или за струката, ја учите културата и динамиката на работа, се запознавате со работодавачот и многу полесно ќе бидете прифатени за понатамошно работење во таа компанија”, рече Царовска.

Слични содржини