Царовска: Состојбата со Ковид е стабилна, продолжуваме со настава со физичко присуство

од Берта Китинска
373 прегледи

Денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска, имаше состанок со директорите на основните и средните училишта, на кој, како што извести се заклучило дека состојбата со Ковид-19 во училиштата била стабилна.

„Состојбата со Ковид во училиштата е стабилна и продолжуваме со настава со физичко присуство.
Наш заеднички врвен приоритет е да ги сочуваме училиштата безбедни и што подолго отворени за учениците.На редовниот координативен состанок со директорите на основните и средните училишта, денеска разговаравме за текот на наставата со физичко присуство и подготвеноста на училиштата во услови на пандемија“- се вели во постот на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Слични содржини