Министерката за образование и наука Мила Царовска на денешната прес-конференција уште еднаш ја објасни потребата од новата концепција во образованието.
-Комисијата која ги утврдува сите елементи на спроведување на концептот се јавно објавени. Таа е подготвена уште пред два месеца, а истата ќе биде спроведена во септември. Секое политичко влијание на осовременувањето на образованието не иде добро за државата и младите. Младите се позитивни и сакаат промена. Еден млад човек кога ќе го прашате за некој податок тој не оди во библиотека да бара туку го отвора својот смарт телефон и на Википедија бара податоци тоа е современиот свет. Знам дека е тешко да се прифати дека на хартијата и моливот им се намалува вредноста и дека светот се дигитализира, изјави Царовска.
Таа додаде дека ова концепција ќе успее и дека на нашата земја и е потреба промена.