Царовска: Целосно се набавени новите дидактички и нагледни средства за училиштата во Прилеп

од Берта Китинска
144 прегледи

Целосно е набавена дидактиката по новата Концепција за основно образование, како и нагледните средства и истите се веќе доставени до училиштата и поставени во училниците. Задоволството кај наставниците веќе се гледа, затоа што знаат дека со оваа инвестиција, доколку нагледните средства се во училница и обезбедени за секое дете, ќе можат многу подобро и поквалитетно да ја сработат наставната програма програмата. За тоа се боревме и тоа денеска го имаме.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска за време на денешната посета на основното училиште „Кире Гавриловски – Јане“ во Прилеп, каде изврши увид во активностите за реконструкција на училишниот објект финансирани од   Министерството за образование и наука, но и во доставените материјали за учење и нагледни помагала. Процес кој за прв пат оваа година е целосно завршен во сите училишта пред 1 септември.

„Сите оние кои беа скептици дека новата програма ќе може да се подготви и да се имплементира и дека училиштата ќе се подготват со целата техника која што им е потребна, со сите нагледни средства, денеска заедно сме сведоци дека тоа ни се случува. Вистински патриотизам е кога инвестирате во основно и во средно образование. На тој начин директно инвестираме во подобра иднина на нашата држава“, рече Царовска.

Министерката потенцираше дека за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем МОН подеднакво вложува во нови наставни програми, дидактика и обука на наставниот кадар, но и во развојот на образовната инфраструктура.

Слични содржини