Царовска: Учебната година ќе започне на 1 септември со физичко присуство

од Берта Китинска
257 прегледи

Министерката за наука и образование Мила Царовска денеска информираше дека учебната година ќе започне на 1 септември со физичко присуство, но со почитување на епидемиолошките мерки и протоколи.

-Искуството од мината година покажа дека училиштата имаат капацитет за спроведување на настава со физичко присуство и се додека го дозволува епидемиолошката состојба и секако Комисијата за заразни болести подобро е да се спроведува на овој начин иако има три сценарија, кои можат да се менуваат, зависно од тоа што е потребно во моментот. Нема подобра настава од таа со физичко присуство, рече таа.

Таа појасни дека се  донесени и посебни протоколи, кои опфаќаат носење маски, почесто миење на рацете, проветрување на просториите во училиштата ќе се влегува по распоред, односно наставникот ќе ги пушти прво едните ученици, а по десетина минути другите за да се дисперзираат и да не се створи метеж.

Слични содржини