136
Очекував дека ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже различна слика и ќе се обиде да предложи луѓе кои се со кредибилитет и се согласно Уставот и законите во државата. Но тоа не се случи. Остануваат неконструктивни и се обидуваат да го прекршат Уставот. Тоа е едно старо ВМРО, кое што никако не може да се реформира, изјави за Утрински брифинг, министерката за труд и социјална работа Мила Царовска.
– За прв пат Македонија вложува во добро организирани тренинзи за ИТ, кои се добро платени работни места. Атрактивни се за младите и догодина ќе ги видиме ефектите од тренинзите кои што директно ќе ги апсорбира пазарот на труд, изјави Царовска за Утрински брифинг.