„ВМРО-ДПМНЕ преку своите портали и партиски мегафони како Каракамишева пак се обидува дрско да манипулира со граѓаните“, објави министерката за образование Мила Царовска.
Таа на својот Твитер профил демантираше лажна вест.
„Оваа вест е чиста лага, сликата е извадок од Електронскиот дневник, систем воспоставен во 2010 година! Нема крај на лагите, граѓаните да не наседнуваат“, истакна Царовска.
ВМРО-ДПМНЕ преку своите портали и партиски мегафони како Каракамишева пак се обидува дрско да манипулира со граѓаните. Оваа вест е чиста лага, сликата е извадок од Електронскиот дневник, систем воспоставен во 2010 година! Нема крај на лагите, граѓаните да не наседнуваат. pic.twitter.com/P0EwBbOHr6
— Mila Carovska (@mila_carovska) May 10, 2021
Според лажната вест, објавена на дел од медиумите блиски до опозицијата, стои дека „родител 1 и родител 2 ќе бидат наместо мајка и татко на ученикот“.