Царовска: Во најдобар интерес на децата е тие да следат настава со физичко присуство

од Берта Китинска
299 прегледи

Министерството за образование и наука е во постојана координација со Министетството за здравство и Комисијата за заразни болести за начините и формите на функционирање на образовниот систем во период на пандемија. Тие ја преоценуваат состојбата и на располагање стојат другите сценарија, изјави министерката Мила Царовска на прашањето дали ќе продолжи зимскиот распуст и по 20 јануари кога учениците треба да го почнат второто полугодие.

Таа потсети дека уште летото се испланирани три сценарија за реализација на учебната година и дека првото и најпосакувано – настава со физичко присуство се применува се додека се во ред бројките на заразени и додека нема интерно ширење на болеста во училиштата.

-Покажавме дека во првото полугодие учениците успешно следеа настава со физичко присуство, немаше поголем број заразени од 0,2 проценти вкупно активни на целата територија на државата од 255 илјади ученици со физичко присуство, а на дневно ниво немаше поголем процент од 0,03. Тоа укажуваше на стабилност на состојбата и затоа успешно го завршивме првото полугодие, се уште сме во координација со комисијата за почетокот на второто полугодие училиштата треба да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат , кажа Царовска, додавајќи дека во најдобар интерес на децата, нивното ментално здравје и потребата од социјализација, е тие да следат настава со физичко присуство.

Слични содржини