Царовска во посета на Алкалоид: Заедно со компаниите создаваме квалификуван кадар и обезбедуваме вработување на младите

од Берта Китинска
183 прегледи

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, германската амбасадорка Анке Холштајн и претставници од банката за развој KFW, денеска ја посетија компанијата „Алкалоид“ која има интерес од идната година да се вклучи во дуалното образование со отворање на неколку паралелки во средно стручно училиште.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за образование и наука (МОН), на работниот состанок била потенцирана важноста од создавање на соодветни профили кои се потребни на компаниите, а кои треба да излезат токму од средното стручно образование.

– МОН ја зајакнува соработката со Стопанските комори и со компаниите и локалните самоуправи, со цел преку отворање на нови профили да одговориме на потребите на реалниот сектор, но и да придонесеме за поголема вработливост на младите. Оваа соработка ни е многу важна, затоа што токму реалниот сектор ќе се вклучи во креирањето на наставните програми и уписните политики, рече министерката Царовска.

Од компанијата „Алкалоид“ била поздравена идејата за зајакнување на соработката што треба да резултира со оспособување на кадар во средните стручни училишта кој недостига, а баран е на пазарот на трудот, се наведува во соопштението.

Слични содржини