282
Мојот образовен асистент треба да биде активен, да ги следи моите потреби и темперамент и верувам дека со мене ќе му биде многу интересно и забавно, затоа ги повикувам да се пријават во што поголем број. Ова ми го кажа денеска Дени Жерновска, ученичка со атипичен развој која е вклучена во редовна настава цели 8 години, објави министерката за образование, Мила Царовска на социјалните мрежи.
Таа верува дека Дени ќе ја најде својата сродна душа која ќе ѝ биде поддршка во наставата.
-Дени, ти си пример дека не постојат граници, а ние сме тука да ги остваруваме соништата на секое дете. Продолжуваме да создаваме инклузивно образование, а со тоа и општество во кое има место за секој, стои во објавата на министерката по средбата.